А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по суви коловози

by А1он03/07/2013 - 08:21118
Share0

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви коловози.

Добивај вести на вибер

На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Прилеп – Градско (Р106), 1 километар пред тунел Фариш, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента во должина од 200 метри. Поставена е соодветна светлоосна сигнализација за регулирање на сообраќајот.

Поради оштетување на коловозот на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков Мост сообраќајот се одвива во две ленти преку бајпас (додека траат санациите на оштетената коловозна лента).

Според информација од Министерството за транспорт и врски, Ве известуваме дека се воведува времена измена на режим на сообраќај на државните патишта во Република Македонија, која важи во периодот од 01.07 до 31.08. Се забранува сообраќај на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони за време на деновите од викендот и за денови при екстремно високи температури.

Забраната за деновите од викендот е: во петок од 17:00 до 22:00 часот; сабота од 09:00 до 18:00 часот и недела од 09:00 до 22:00 часот.

Во деновите со екстремно високи температури, определени од Министерство за здравство, забраната ќе важи и од понеделник до четврток од 11:00 до 17:00 часот.

Ограничувањето не се однесува на возила кои превезуваат животни, цвеќе, хуманитарна помош, жито и житни култури и леснорасиплива стока, нафта и нафтени деривати и превоз на опасни материјали.

За регулирање на сообраќајот и воспоставување на изменетиот режим, ќе се постави соодветна сообраќајна сигнализација (табли).

На патниот правец Гостивар-Охрид од 1 јули 2013 во сила стапи ограничениот режим на движење за тешки товарни возила над 7,5 тони. Ограничувањето на движењето е во следните периоди: петок од 15:00-24:00 часот, сабота и недела 07:00-24:00 часот. Овој режим на движење ќе важи до 1 Септември 2013 година.

Во сила е и забраната за движење на тешки товарни возила на подрачјето на Град Скопје. Забраната важи во временски период од 10 до 20 часот и ќе трае се до 01.09.2013 година.

patista

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Горан Наумовски14/01/2024 - 08:29

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on18/10/2023 - 12:00

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска16/06/2023 - 21:55

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска16/06/2023 - 21:46

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска16/06/2023 - 15:36
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен