Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по наместа влажни коловози.

Поради оштетување на коловозот од надојдена вода од река Радика на патен правец Р-409 Маврово – Дебар во близина на Бошков мост, сообраќајот повторно се одвива по две коловозни ленти (направен е бајпас додека траат санациите на оштетената коловозна лента). За тоа има поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

На патниот правец Гостивар – Маврово во близина на Ново Село, поради реконструкција на мост, сообраќајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.

Според известување на градежната фирма ГРАНИТ поради свлечиште во должина од 150 метри кај месноста Фариш на патниот правец Градско-Прилеп сообрачајот се одвива регулирано со семафори и наизменично по една коловозна лента.

На патниот правец Демир Капија – Удово, кај тунелите на Демир Капија, се изведуваат градежни работи на пат. За тоа има поставено светлосна сообраќајна сигнализација (семафори) која го регулира сообраќајот. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот на тој дел од патот.

На патниот правец А3/Р1-312, делница Велес – Кадрифаково се врши геодетско снимање на патот. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

Патниот правец Р-103 Неготино – Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Информација за движење на патниот правец Р 104 Скопје – Македонски Брод преку националниот парк Јасен од 01.04.2013: Скопје – Македонски Брод од 06:00 – 09:00 часот и од 16:00 – 18 часот. Македонски Брод – Скопје од 05:00 – 06:00 часот и од 18:00 – 20 часот.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска