Сообраќајот низ државата се одвива непречено

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива непречено, по суви и чисти коловози.

Патниот правец Р-504 Ресен-Охрид преку националниот парк Галичица е прооден за сообраќај.

На патниот правец Гостивар – крак Маврово кај с. Церово на 1 км. пред Стража се врши реконструкција на мостот и таму сообраќајот е затворен за тешки товарни возила над 7,5 тони, како и за автобуси. Сообраќајот за овие возила се пренасочува преку патниот правец Маврово – Дебар – Струга. За останатите видови на возила сообраќајот се одвива регулирано со семафори за наизменично пропуштање на возилата и по една коловозна лента.

Во тунелите на патниот правец Демир Капија – Удово се изведуваат градежни работи и таму сообраќајот е регулиран со семафори за наизменично пропуштање на возилата. Можни се повремени кратки застои во одвивањето на сообраќајот.

Според известување добиено од инженеринг компанијата Геинг, за потребите за изработка на проектна документација за реконструкција и рехабилитација на патниот правец А3/Р1-312, делница Велес-Кадрифаково како експресен пат, се извршуваат активности на патот кои се поделени во две фази. Првата фаза започна на 27.03.2013 година, при што се врши геодетско снимање и се поставени 2 табли за известување за работа на пат, од кои едната е поставена на клучката кај Велес, а другата на клучката кај Кадрифаково.

Патниот правец Р-103 Неготино-Радовиш односно Неготино – Штип преку Лакавица, поради оштетување на мостот бр.9 преку реката Вардар, целосно е затворен за сите видови на сообраќај, како и за пешаци. Поради тоа сообраќајот е пренасочен преку патниот правец Неготино – Криволак – Пепелиште и тоа само за лесни возила.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ ги информира сите корисници дека излезе нова верзија на АМСМ мобилната апликација наменета за Андроид и ајфон мобилни телефони, во која со само еден допир на располагање им се детални информации за патување во над 30 европски држави, како и информации за состојбата на патиштата, граничните премини и слично. АМСМ мобилната апликација може бесплатно да се симне на Google Play и App Store.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска