Сообраќајот низ државата се одвива делумно забавено, по наместа влажни коловози

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива делумно забавено, по наместа влажни коловози поради врнежи од дожд.

АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.

Завршени се работите за реконструкција на делницата Катланово-Велес од автопатот „Александар Велики“. Агенцијата за државни патишта денеска ќе ја пушти во употреба реконструираната делница. Во изминатите 16 месеци на таа делница реконструирани се 27,5 километри. Санацијата ги опфати најкритичните точки на делницата и поставена е нова хоризонтална и вертикална сигнализација, обновен е асфалтот и санирани се насипите и местата каде што има нестабилни карпи.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ ги потсетуваме сите возачи дека од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска