Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани и ограничувања по наместа влажни коловози.
Се препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите. Поради ниските температури на повисоките места има можност за појава на голомразица.
Завршени се работите за реконструкција на делницата Катланово-Велес од автопатот „Александар Велики“.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Од 15.11.2012 година стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15.03.2013.
АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.