Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, но по влажни коловози. Врнежи од снег се бележат на планинските превои Стража, Маврово,Пресека, Буково и Ѓавато. Снегот се задржува на коловозот и го отежнување движењето на возилата.
Од шест часот и 45 минути поради поголеми остатоци од снег на коловозот воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Р-409 крак Маврово – Дебар.
АМСМ препорачуваме поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони кои може да го попречат движењето на возачите.
Појава на магла со видливост до 30 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Поради ниските утрински температури на повисоките и осојничави места можна е појава на голомразица.
Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија. Ги потсетуваме сите возачи дека од 15 ноември стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15 мартт следната година.
АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555.