Сообраќајот низ државата се одвива без забрани, по наместа влажни коловози

Од:

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци низ државата се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. АМСМ препорачува поголема внимателност на патните правци Дебар – Струга, Маврово – Дебар, Катланово – Велес и Демир Капија – Удово каде има почеста појава на одрони, кои може да го попречат движењето на возачите.

На делниците низ клисурите и на повеќето мостови долж речните текови има појава на утринска магла и се препорачува прилагодена брзина на движење.

Повнимателно управување со возилата е потребно и на магистралниот пат М-1 делница Катланово – Велес, каде се одвиваат работи за реконструкција на патот за што има поставено соодветна сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од Македонија.

АМСМ ги потсетува сите возачи дека од 15 ноември стапи на сила законската обврска за поседување на зимската опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска трае до 15 март наредната година.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Одржувањето на магистралните и регионалните патишта во опасност поради сериозните финансиски предизвици на ЈП

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

A1on

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

(ВИДЕО) Новиот пат кон велешко езеро има променлива ширина, но во најголем дел таа е пет метри, тврдат од Државни патишта

A1on

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска