А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Сообраќајот на сите патни правци се одвива по суви коловози

by А1он07/09/2013 - 08:57121
Share0

Сообраќајот на сите магистрални и регионални патни правци во моментов се одвива по суви коловози. Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.

Следете a1on на Instagram Instagram

На патниот правец Маврово – Дебар (Р409) кај Бошков мост сообраќајот е нормализиран.

Известување за движење на патниот правец Скопје-Македонски Брод преку н.п. Јасен, од 01.04.2013: Скопје-Македонски Брод од 06:30-09:00 и 16:00-18:00 часот/Македонски Брод-Скопје од 05:00-06:00 и 18:30-20:00 часот.

Укинат е ограничениот режим за движење на тешки товарни возила над 7,5 тони на патнот правец Гостивар-Охрид-Гостивар и ограничениот режим за движење на тешки товарни возила со вкупна маса над 15 тони на државните патишта во Република Македонија.

Следете a1on на Youtube YouTube

Почнувајќи од 29.08 на патниот правец А2 Гостивар-Кичево на планинскиот превој Стража од 1 до 1,5 км во правец на Кичево се изведуваат асфалтерски работи. Извршувањето на работите нема да има влијание при движењето на возилата и истите ќе се изведуваат во работните денови најчесто од 08:00-15:00 или 16:00 часот.

АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата. Напомена дека оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

АМСМ УСЛУГИ – Служба за помош и информации на пат (02) 15 555

patista

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Горан Наумовски02/12/2025 - 10:52

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он21/10/2025 - 16:4021/10/2025 - 16:24

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски01/09/2025 - 14:57

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 12:14

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Горан Наумовски14/01/2024 - 08:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто