Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец e во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја

Од:

Сообраќајот на регионалниот пат Никифорово – Леуново – Бунец од синоќа, од 23.20 часот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрвја на коловозот. Се интервенира на негово расчистување, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Обилни врнежи во Маврови Анови, снежна покривка од 43 сантиметри на Попова Шапка

Горан Наумовски

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

„Македонија пат“: Проодни се сите патни правци во државата

Горан Наумовски

Снег на повеќе места, забрана за камиони на патот Струга – ГП „Ќафасан“

Горан Наумовски

Снегот предизвика хаос низ цела Србија, дел од патишта покриени со снег

Горан Наумовски

Јакупоски: Маврово-Ростуше ќе ја направиме општина која ќе служи како сервис на граѓаните