• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Сообраќајот на патот Гостивар – село Чегране во прекин

by А1он18/05/2020 - 12:20326
Share0

Сообраќајот на регионалниот пат Гостивар – село Чегране, поточно на потегот од излез од село Чајле кон село Форино денеска ќе биде во прекин, поради тоа што Јавното препријатие за одржување на магистрални и регионални патишта Скопје (секција Гостивар) ќе се заврши со асфалтирање на патот.

Добивај вести на вибер

Сообраќајот ќе се пренасочи преку регионалниот пат за село Томчевиште.

Како што соопштија од АМСМ, денеска ќе се започне со изведување градежни активности при поставување термопластични форми на автопат А1, делница Велес-Петровец, тунел Стража во период од 8 до 16 часот за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај, времетраење од два дена.

Од АМСМ посочуваат дека сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Тие препорачуваат прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и исклучително внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

За македонски државјани се затворени сите гранични премини за излез од државата. Затворени се сите гранични премини за влез во државата за странски државјани, патници и возила, освен за транзит на товарни возила, за претставници на дипломатскиот кор и тие кои што ќе добијат соодветна дозвола од страна на МВР, а по претходно добиено мислење од страна на главниот координативен штаб.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

patista

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Горан Наумовски02/12/2025 - 10:52

Шведска и Данска имаат најбезбедни патишта во ЕУ

А1он21/10/2025 - 16:4021/10/2025 - 16:24

За една година изградивме 70 километри експресни патишта и автопат, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски01/09/2025 - 14:57

Стојаноски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ за една година изгради и пушти во употреба 71.2 километри експресен пат и автопат, следуваат нови делници

Предраг Петровиќ31/08/2025 - 12:14

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Горан Наумовски01/06/2025 - 09:00

Сообраќајот на државните патишта во зимски услови, по наместа влажни коловози

Горан Наумовски14/01/2024 - 08:29
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен