Сообраќајот на Граничниот премин „Богородица“ од попладнево од 15 часот е нормализиран во двата правци

Од:

Сообраќајот на Граничниот премин Богородица (ГП Евзони), кој од 11 часот беше блокиран за влез и излез, попладнево од 15.00 часот е нормализиран во двата правци, соопшти Автомотосојузот на Македонија.

Блокадата на ГП Евзони во периоди од денот трае неколку дена поради штрајк на грчките земјоделци.

АМСМ денеска во пладневниот извештај информираше дека на ГП Ники (Меџитлија) сообраќајот е блокиран само за товарни возила и автобуси, а на ГП Дојран сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет се очекуваат задржувања за влез во државата.

Би можело да ве интересира

Повторно блокади на премините кон Грција, двапати по четири часа

Граничниот премин „Богородица“ е затворен за сообраќај

Преминот „Евзони“ – „Богородица“ е затворен за сообраќај

Богородица и Меџитлија денеска повторно ќе бидат блокирани двапати по четири часа

Катерина Ѓуровски

Повторно блокади на Богородица и Меџитлија поради протестите на грчките земјоделци

Повторно блокиран ГП „Богородица“, магла на планинските превои