На автопатот Скопје – Велес после паркингот Ветерско од 15:45 часот сообраќајот се одвива по десната коловозна лента.
Причината за тоа, како што информира Авто мото сојузот на Македонија, е одронување на карпа.
На останатите патишта низ државата сообраќајот се одвива тековно во зимски услови по наместа влажни коловози.