Сообраќајот на автопатот Штип – Радовиш во прекин поради сообраќајна незгода

Од:

Поради сообраќајна незгода од 17:30 часот затворен за сообраќај е експресниот пат Штип – Радовиш. Сообраќајот се одвива по стариот пат, информираат од Авто-мото сојуз на Македонија.

Сообраќајот на останатите државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он

Едно лице загина, а осуммина се повредени во сообраќајна несреќа во БиХ

Горан Наумовски

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Седум навивачи на ПАОК загинаа во сообраќајка во близина на границата со Србија

Горан Наумовски

Петмина малолетници се повредени во сообраќајка во близина на Кочани

Горан Наумовски