Сообраќајот кон Делчево и Каменица се пренасочува поради одрони

Од:

Се пренасочува сообраќајот на релација Делчево – Скопје, по одроните кои предизвикаа застој на регионалниот патен правец Кочани – Делчево.

Од делчевската подружница на ЈП „Македонија Пат“ информираат дека до отстранување на проблемот, возачите од Делчево и Македонска Каменица кои имаа потреба да патуваат кон Скопје, тоа ќе треба да го направат преку алтернативните патни правци.

-Ги известуваме возачите дека поради ситуацијата со одроните, сообраќајот за лесни возила кои сообраќаат од Делчево и Македонска Каменица кон Скопје се преносочува преку патниот правец Делчево – Бигла, додека за тешки товарни возила и автобуси сообраќајот е пренасочен преку патот Делчево – Берово, изјави Влатко Цоневски од делчевската подружница на „Македонија пат“.

Патот Делчево – Македонска Каменица, како што додадоа од „Македонија пат“ е чист и за возачите кои сообраќаат на овој пат нема забрани за движење.

Би можело да ве интересира

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Исчистени одроните кои блокираа дел од коловозот на магистралата А3 кај село Истибања

Нови одрони на патот Делчево – Македонска Каменица – Кочани, кај село Истибања

Жена од Делчево била следена ѝ добивала пораки со заканувачка содржина

Гужви за влез во Бугарија: Се чека по два часа, се пропуштаат само по неколку возила

А1он

Меџити: Следната недела ќе се расчисти случајот со починатата родилка од Делчево

А1он