Сообраќајот кај Љубаништа се уште се одвива наизменично

Од:

Сообраќајот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум кај селото Љубаништа се уште се одвива со наизменично пропуштање на возилата, соопшти денеска Авто мото сојузот на Македонија.

Синоќа овој дел го зафати невреме со дожд и град кое предизвика свлечиште на овој патен правец.

Раководителот на Регионалниот центар за управување со кризи Митко Темелкоски вчера во изјава за МИА посочи дека лизгањето на земјиштето настанало од краткото невреме со интензивни врнежи од дожд, кои нанеле големи количини земја и камења.

– Поради голема количина вода во кратко време, излеани се земја и поситни камења на патот. Екипи на Македонија пат и јавното претпријатие „Охридски комуналец“ се на терен и работат на расчистување на патот, изјави вчера Темелкоски.

Би можело да ве интересира

Поради свлечиште во прекин сообраќајот на патот Крива Паланка – село Луке

Ана Ололовска

Нормализиран сообраќајот на патот Струмица – ГП-Ново Село

Ана Ололовска

Патот Велес-Градско следната недела ќе биде затворен за сообраќај од 8 до 18 часот

Ана Ололовска

Бочварски: До 10 јули ќе се вози по патот Подмолје-Охрид, има силна градежна офанзива

Орце Костов

Сообраќајот на патот Македонска Каменица – Делчево пренасочен преку Виница и Смојмирово

Ана Ололовска

Затворени патните правци Македонска Каменица-Делчево и Подмоље-Охрид

Ана Ололовска