Сообраќајна незгода на бул „Србија“ го успорува сообраќајот

Од:

Сообраќајна незгода се случи уторво на булеварот „Србија“ во Скопје, меѓу два автомобили, во која нема повредени, а причинета е помала материјална штета на двете возила учесници во незгодата.

Сообраќајката се случила меѓу „Фиат пунто“ со скопски регистарски таблички и службено возило „форд фиеста“, а по се изгледа дека службеното возило прикочило, а “пунтото“ не успеало да закочи на време.

Незгодата е во првата коловозна лента, па во утринскиот сообраќаен метеж, тоа го успорува сообраќајот.

На местото има полиција, но се чека увидна екипа да се утврдат околностите.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он