Сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип-Радовиш, повредена 21 годишна девојка

Од:

На експресниот пат Штип-Радовиш во близина на штипското село Лакавица се случила сообраќајна несреќа, во која има повредено едно лице и е хоспитализирано во Клиничка болница-Штип.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова вели дека несреќата се случила во 18:05 часот кога товарно моторно возило „Фиат дукато“ излетало од коловозната лента. Возилото е управувано од 24 – годишен возач од струмичкото село Баница, а со телесни повреди се здобила неговата 21- годишна сопатничка од истото село.

Во тек е увидот од страна на СВР-Штип, а сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он