Сообраќајка во Карпош, возило од булеварот заврши во жардињери

Од:

Сообраќајна несреќа меѓу две возила марка “БМВ” и “Голф” со скопски регистарски ознаки се случи на булеварот Паризански одреди во Карпош 4.

Возилото марка “БМВ” е уништено во предниот дел, а од силината на ударот се вклучиле и воздушните перничиња. Другото возило пак, од булеварот преку патеката за велосипеди завршило во жардињерите.

Засега нема информации за повредени лица, ниту причините за сообраќајката. На увид е излезена сообраќајна полиција.

Би можело да ве интересира

Тригодишно дете од Штип затруено со лекови

Катерина Ѓуровски

Определени мерки на претпазливост на професорот пријавен за сексуално вознемирување ученичка

Уапсен професор од средно училиште во Скопје, сексуално вознемирувал ученичка

15-годишник силувал тинејџерка

Кумановец дал 43 илјади евра на лажен продавач на крипто валути

Украл голф, удрил во маркет, ја повредил вработената и избегал