Сообраќајка на влезот од селото Согле, еден сопатник тешко повреден

Од:

Сообраќајна несреќа се случи вчера на влезот од селото Согле, општина Чашка, и тоа меѓу патничко моторно возило „Рено меган“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 26 годишниот Б.Т. и патничко моторно возило „Опел астра“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 38 годишниот Н.П. од Велес. Со тешки телесни повреди се здобил еден сопатник, а двајцата возачи и двајца сопатници со телесни повреди.

Сопатникот кој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општа болница Велес, е 79-годишниот С.П. од Велес.

Портпаролот на СВР Велес, Верољуб Додевски информира дека за настанот е известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила увидната екипа од СВР Велес.

Како што информира портпаролката на велешката болница, д-р Елеонора Јованова, синоќа околу 19:30 часот од страна на Итна медицинска помош на Одделот за хирургија донесени биле пет лица повредени во сообраќајна несреќа.

Од нив четири лица се здобиле со лесни телесни повреди и пуштени се на домашно лекување, додека пак едно лице маж на 79 -годишна возраст се здобил со скрешеници на четири ребра при што е задржан на болничко лекување на Одделот за ортопедија и трауматологија при ЈЗУ Општа Болница Велес.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски

Тешка несреќа кај Нови Пазар: Загина млад човек, повеќе лица се повредени