Сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка, еден повреден

Од:

Едно лице e повредено во сообраќајна несреќа што се случила утрово на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка во 6 часот, во атарот на село Псача, кривопаланечко.

Кумановската полиција информираше дека до сообраќајната несреќа дошло кога 29-годишниот Д.Д. од Скопје, управувајќи „Рено Трафик“ со унгарски национални ознаки, изгубил контрола на возилото и преминал на левата коловозна лента и удрил во „Пежо Боксер“ управувано од 35-годишниот Г.С. од Крива Паланка. Во моментот на несреќата на патот имало снег.

Возачот Г.С. се јавил на лекарски преглед во Здравствениот дом во Крива Паланка, када што лекар констатирал повреди. Патот бил затворен за сообраќај додека траел увидот, информираат од полицијата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он