Сообраќајка на патот Гостивар-Кичево, сообраќајот се одвива отежнато

Од:

Сообраќајот на магистралниот патен правец Гостивар-Кичево кај селото Церово се одвива отежнато, а возилата се пропуштаат наизменично, заради увидот на сообраќајна незгода.

Според СВР Тетово, утрово околу 9:30 во близина на селото Церово, дошло до соораќајна несреќа во која две лица се повредени, од кои едното потешко. Од сé уште неутврдени причини се судриле три автомобили: „ауди“ со тетовски ознаки, „форд-мондео“ со скопска регистрација и „ауди“ со швајцарски регистерски ознаки.

Извесно време патниот правец кон Стража беше во застој, а од пред еден час полицијата врши регулација на движењето на возилата наизменично во обата правци.

Би можело да ве интересира

„Корса“ излета од булевар, тројца повредени завршија во болница

(ВИДЕО) Трагедија на автопат: Пет тинејџери загинаа во автомобил кој се движеше во спротивна насока

Горан Наумовски

Поради несреќа, запрен е сообраќајот на магистралниот пат Струмица- Граничен премин Ново Село

Двајца тешко повредени во сообраќајка кај Тајмиште

Жител на Љубојно почина откако изгуби контролa врз моторот што го управуваше

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина возач на патот Гостивар – Кичево