Сообраќајка на магистралата Гостивар-Кичево, повредени три лица

Од:

Три лица се потешко повредени во судир на две возила на магистралниот пат Гостивар-Кичево.

Според СВР Тетово, сообраќајната несреќа се случила синоќа околу 23 часот во близина на еден од велзовите во Гостивар. Од сé уште неутврдени причини дошло до директен судир на автомобил “опел-вектра” која ја управувал кичевецот М.М. (63) и “сеат-ибица” управувана од Д.Т. (37) од Гостивар. Двајцата возачи и сопатничката од опелот С.М.(59) се пренесени на скопските клиники.

На местото на незгодата, увид извршила екипа на СВР Тетово и јавен обвинител кои треба да ги расветлат причините кои довеле до судир на двете возила. Материјалната штета се проценува на околу 200 илјади денари.

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски