Сообраќајка кај Тетовско Стенче, повредени три лица

Од:

Три лица се повредени во сообраќајната несреќа што денеска се случила во 9 часот и 20 минути во тетовското село Стенче.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски во несреќата учествувале камион Мерцедес со гостиварски регистарски таблички управуван од Ј.К.(51) од тетовското село Ларце и автомобил Рено Канго, исто така со гостиварски регистарски таблички управуван од М.С.(33) од гостиварското село Чегране.

Во сообраќајната несреќа сопатниците од автомобилот, Б.А.(58) од гостиварското село Чајле и А.Х.(48) од Чегране се здобиле со тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница како итни случаи биле испратени на клиниките во Скопје. Според првичните податоци тие не биле во животна опасност. Возачот на автомобилот, исто така се здобил со телесни повреди и е задржан на лекување во Тетовската болница.

По овластување на јавен обвинител увид извршила екипа на СВР – Тетово по што се работи на утврдување на причините за несреќата.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он