Сообраќајка кај Теарце, пет повредени

Од:

Пет лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случи синоќа во 21 и 30 часот на регионалниот пат Тетово-Јажинце во Теарце.

Како што информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски во несреќата учествувале две патнички возила, „форд“ управуван од А.Е (44) од Слатино и „опел астра“ управуван од Р.С.(28) од Јегуновце, како и комбе „форд транзит“ управувано од Б.К.(28) од Требош.

Во сообраќајката најтешко повредена била сопатничката Е.К.(25) од Теарце која ја скршила клучната коска и бидејќи била бремена била задржана на лекување во тетовската болница. На лекување биле задржани уште три женски лица од Слатино додека една нивна сожителка по укажаната лекарска помош била пуштена на домашно лекување.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и се работи на откривање на причините за сообраќајката.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он