Сообраќајка кај наплатната рампа Тетово, повредени две лица

Од:

Две лица се повредени, оштетени се три возила, како и наплатната кабина број седум на наплатната рапма кај Тетово од автопатот Тетово – Гостивар, по сообраќајната несреќа што денеска околу 9 часот се случила на ова место, информираше портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски.

Според неговите податоци, во сообраќајката учествувале три патнички возила, „БМВ“ со тетовски регистерски таблици управувано од Г.А.(25) од Боговиње, „мерцедес“ со тетовски таблички што го управувал М.С.(52) од Пирок и „поло“ со гостиварски таблички управувано од Т.П.(30) од Гостивар.

– Возачот на „мерцедесот“ и сопатничката од „БМВ“ Џ.И. (27) од Боговиње во сударот добиле телесни повреди и со возило на Брза помош биле пренесени во тетовската клиничка болница. По укажаната помош возачот е пуштен на домашно лекување, додека Џ.И. била задржана за натамошна опсервација и лекување. По овластување на јавен обвинител, увид извршила екипа на СВР Тетово и се утврдува причината за несреќата и околностите во кои се случила. Првично, причина е неприлагодена брзина, а вкупната материјална штета се проценува на 200 илјади денари, изјави Јосифовски.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он