Eден загинат и тројца повредени во сообраќајна несреќа близу Кичево

Од:

Скопјанец загина во сообраќајна несреќа што се случи попладнево околу 13:30 часот во близина на кичевското село Длапкин Дол. Повредени се уште три лица од кои една жена потешко и е пренесена во Медицинскиот центар во Кичево.

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, информира дека до несреќата дошло при судар на возило марка „хонда“ со скопски таблички и „опел астра“ со тетовски таблички.

Животот го загубил 62-годишен скопјанец, а двајцата сопатници кои биле со него во возилото „хонда“ се полесно повредени. Во „опел астрата“ потешко повредена е жена, но таа е надвор од животна опасност.

Во тек е увид од страна на полициските службеници и јавен обвинител.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Се преврте српски автобус во Хрватска, двајца загинати

Катерина Ѓуровски

Шестгодишно дете тешко повредено откако било прегазено од камион во Скопје

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина 30 годишна жена, тројца се тешко повредени

А1он

Пијан возач предизвика сообраќајка во Виница, па побегна со возилото

А1он

Возач на камион од Македонија загина кај Лесковац

Катерина Ѓуровски

Двегодишно дете и неговата мајка загинаа во сообраќајка кај Бујановац

А1он