СОНК: Штрајкот нема да го прекинат притисоците, туку прифатливи решенија

Од:

„Советот на Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Р.М. (СОНК), на седницата одржана на 27-01-2015г, направи согледување на резултатите од посетата на Претседателот на Европската конфедерација на синдикатите за образование  и неговите разговори со раководството на СОНК, како и со Евро- амбасадорот Аиво Орав, Министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми и Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Советот едногласно оцени дека посетата на претседателот Ромер има големо значење, не само со неговите искрени напори за деблокирање на социјалниот дијалог од страна на ресорните министерства спрема СОНК, туку и во симнувањето на сите дилеми околу легитимната поддршка што ја има СОНК од меѓународните синдикални организации и целосната оправданост на Барањата, кои се причина за Генералниот штрајк на СОНК.

Советот со задоволство целосно го прифати повикот на Претседателот Ромер за итно продолжување ( поточно започнување ) на преговорите помеѓу СОНК и ресорните министерства, како и неговото противење на нападите врз раководството на СОНК и како и за казните по екстерното оценување и воведувањето на штрајкбрехери, за кои јавно кажа дека се несреќен македонски модел,како единствен случај во Европа, да се бараат решенија според европските и светските стандарди.

Советот на споменатата седница едногласно усвои повеќе Заклучоци , од кои ќе ги издвоиме следните:

–          Доставено е уште едно барање до ресорните министерства за продолжување на преговорите,

–          На 29-01-2015г, да се одржи нова седница на Советот на која, доколку не започнат преговори во наредните два дена, Советот да усвои нови активности и мерки во врска со натамошниот тек на Генералниот штрајк,

–          Советот повторно ја потврди непоколебливоста во опстојување на Генералниот штрајк, се додека не се дојде до взаемно прифатливи решенија по Барањата, за кои претходно ќе се изјаснат сите членови на СОНК што ја почитуваат Одлуката за штрајк.

Членовите на Советот, без исклучок, го пренесоа ставот на членството кои се шести ден  во штрајк, дека се подготвени да продолжат со штрајкот, без разлика колку истиот ќе трае и без разлика на евидентните притисоци, се додека Владата не понуди решенија кои ќе бидат прифатливи за да се прекине штрајкот.

На седницата, од страна на повеќе претседатели на Регионални одбори на СОНК, беа изнесени повеќе примери на синдикални организации кои последните денови се приклучуваат во штрајкот, како и поголем број на зачленувања во нашиот Синдикат на вработени кои досега не биле членови на СОНК“, се вели во соопштението на СОНК.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски