И покрај силните притисоци врз наставниците и негативната кампања во провладините медиуми, штрајкот во образованието ќе продолжи, изјави претседателот на СОНК, Јаким Неделков, на прес-конференција. Тој кажа дека досега не оствариле никаков контакт со власта, односно нема одговор за нивните барања. Првиот човек на СОНК, убедува дека штрајк има во Струмица, Куманово, Центар, Дебар, во училишта во Карпош, Бутел, Аеродром, Делчево, а целосен штрајк има во и во Гостивар и во Струга.
Неделков информираше дека на штрајкот се приклучиле и Кичево и Зајас, но и дека покрај училиштата во штрајк се и поголем дел од градинките и културните установи низ земјата.
Во понеделник, сите наставници што штрајк нема да го спроведат екстерното тестирање за учениците во четврта година во средното образование, иако власта притиска да го спроведат.
– На овие наставници им се врши притисок и покрај тоа што штрајкуваат, да го спроведат екстерниот испит, рече Неделков.
Претседателот на СОНК се осврна и на медиумското известување за штрајкот, а дека односот на некои медиуми е некоректен, непрофесионален и, како што рече, со низа гнасотии.
– Се води невидена кампања за да се прикаже дека се штрајкува само во Куманово и Струмица, рече тој.
Неделков реке дека провладините медиуми се обидуваат да претстават да создадат слика дека тој мора да си оди, па власта да седне на преговори со новото раководство. Тој рече дека тоа што го прават провладините медиуми, само го револтира членството на СОНК и дека и дека „читачите“ пред камери не може да го спречат штрајкот.