СОНК се пресметува со новинарите: „Вие мали новинарчиња“

Од:

Во соопштението на регионалната канцеларија на СОНК во Охрид, охридските новинари кои се втори по бројност во Македонија, и кои работат за повеќе национални и странски медиуми беа наречени „мали новинарчиња“.

Прес конференцијата која од кабинетот на градоначалникот на Охрид ја свикаа по повод потпишување на меморандум за разбирање помеѓу општината и СОНК, откако заврши целата церемонија градоначалникот Александар Петрески ги повика новинарите да му постават прашања на актуелни теми.

Од СОНК, велат дека очекувале новинарите нивниот претседател да го бомбардираат со прашања поврзани со проблемите во образованието и за потпишаниот меморандум.

Новинарите во соопштението се обвинуваат за како што се вели „безобзирност и непочитување, затоа што не се одзвале  на нивната ланска покана кога сакале да ја презентираат нивната програма за работа“.

Несфатливо организација во која членуваат оние кои се грижат за образованието на децата на ваков начин да се нафрлат кон новинарите кои се коректори на општестевното живеење. Интересно е што на крајот од соопштението не пишува дали зад оваа реакција стои целиот СОНК или истото е напишано од одредени поединци. Охридските новинари се запрепастени од ваквите ставови.

Еве дел од соопштението:

„Што направивте Вие  на овој брифинг, на оваа прес-конференција?! Подобро да прашаме :ШТО БАРАВТЕ ВИЕ на потпишувањето на овој значаен документ Меморандум за соработка на СОНК и Локалната, што баравте , ако не Ве интересираат проблемите или прашањата од образованието и од синдикалното здружување?!Ах, да!!! : Вие сте заинтересирани само за дупките, базените и парковите, а донекаде и за деталните урбани планови , но не најдовте ни малку професионално љубопитство, па ни куртоазно поздравување и поддршка на потпишаниот документ, и уште помалку : ниту едно прашање не упативте во врска со меморандумот, ниту со образованието !!!

Ах , да! Не заборавивте да го прашате градоначалникот за неговиот можен противкандидат на следните локални избори!

Почитувани Новинари и Новинарки и Вие сите , сите Вие „Мали Новинарчиња“!

Подлегнавте ли на поканата на Градоначалникот за да поставите прашања и надвор од “денешната тема”, за да заборавите на Нас-Присутните професори и синдикални лидери , поради кои и се случи оваа прес конференција?! Можевте ли, без ич пардон и без ич обѕир, да нè малтретирате и да нè држите како заложници со Вашите банални прашања за уште побанални проблемчиња од типот : што е со базенот на фиљан-плажа; што е со дупките на фиљан улица , со паркчето на фиљан место, со изборите на фиљан датум и со фиљан-жртвите-противкандидатите на Петрескиот*?!?!?

Почитувани, за нас е разбирливо градоначалникот да ја искористи секоја прилика за себепромовирање и за, можеби, изборна кампања, но ние не му се лутиме Нему, освен како на домаќин кој можеше протоколарно да Ве насочи да го прашате нешто и претседателот на СОНК или да отпочне презентација на Меморандумот, ами Ви се чудиме Вам, како не смогнавте сили да се завртите право в очи кон нас-синдикалните лидери и да речете барем едно “ИЗВИНЕТЕ ШТО НЕМА НИШТО ДА ВЕ ПРАШАМЕ. ОВДЕ СМЕ ДОЈДЕНИ НЕ ПОРАДИ МЕМОРАНДУМОТ И ОБРАЗОВАНИЕТО, АМИ ПОРАДИ ДУПКИТЕ ПО ОХРИДСКИТЕ УЛИЦИ”.

Ви се чудиме на Вас и со ист гнев се потсетуваме како со иста безобѕирност и непочитување не ни се одзвавте ниту на ланската наша покана до сите Вас кога сакавме да Ви ја презентираме нашата програма, на новото раководство на Регионалниот одбор за работа и соработка со Локалната самоуправа и со нејзиниот претставник – градоначалникот со кого Вие ,еве, имате секојдневни прилики да го прашувате за се и сешто , а денес,не моравте, денес не смеевте до толку да згазите на Образованието и на Синдикатот кој неуморно води борба за подобрување на условите во кои учат учениците и во кои работат наставниците!

Почитувани претставници на локалните и националните медиуми!

Сфатете го ова наше реагирање како искрена забелешка со намера и желба за постојана соработка со Вас кои можете и треба да ги поддржувате синдикалните барања или барем да ги толкувате јавно и да ја пренесите и Нашата Вистина, наспроти онаа вистина од Власта, Локалната или Централната – сèедно!

Со Почит и со Намера, за да знаат Сите кои се грижат за образованието:

СОНК Е СИЛАТА НА НАШЕТО И НА НОВОТО ВРЕМЕ

И НИЕ СМЕ ТУКА ЗА ДА СОРАБОТУВАМЕ… ЗА ДОБРОТО НА СИТЕ“!

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска