СОНК: Повикот на Заев до синдикатите е преседан

Од:

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во денешното соопштение до медиумите изразува зачуденост од, како што сенаведува, „изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев во врска со неговото повикување на синдикатите во некаков народен фронт“.

– Изјавата на Зоран Заев е невиден преседан во политичкото делување, не само во нашата држава, туку и пошироко во демократска Европа. Преседан, кој не се случил уште од времето на болшевизмот. Го потсетуваме дека синдикатите, како организации кои постојат во сите демократски држави во светот, имаат своја област на делување, која воопшто не е партиска политика, а со највисоките меѓународни документи на Обединетите нации, како и со Уставот и законите на Република Македонија е загарантирана нивната слобода на организирање и нивното слободно делување во делот на правата од работниот однос. Согласно Кривичниот законик на Република Македонија, мешањето во нивното работење и делување претставува кривично дело, стои во соопштението.

Според СОНК, во изјавата на Заев се направени тешки повреди на неколку закони, а со повикот до наставниците и професорите да се вклучат во најавениот народен фронт, директно се крши со закон забранетото политичко делување на вработените во образованието во сите степени. 

– Синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и синдикати од Сојузот на синдикати на Македонија бараат претседателот на СДСМ веднаш да се извини за овој, упад во основите на демократското општество. Ваквиот преседан на Заев може да предизвика огромни социјални и економски последици и затоа лидерот на СДСМ мора да престане со секакво мешање во работата и делувањето на синдикатите во Република Македонија. За ваквото незаконско делување на лидерот на СДСМ ќе ги известиме сите синдикални организации на европско и светско ниво, во кои се членки синдикатите од Република Македонија, се наведува во соопштението од СОНК.

СОНК смета дека Заев е еден од најодговорните учесници и иницијатори на кризната состојба во која се наоѓа државата и затоа од него се очекува поодговорно однесување кое ќе придонесе за излез од сложената ситуација во која е државата.

– Ние како синдикални претставници, очекуваме тој да ги преземе обврските кои ги има преземено со договорите потпишани со посредство на меѓународните претставници. Затоа апелираме наместо со насилство и протести на кои ги повикува и синдикатите, да се обиде да ја добие поддршката на граѓаните по демократски пат, на изборите кои се закажани на 5  јуни, се вели во соопштението од СОНК.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски