СОНК најавува протест за во петок

Од:

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура на Република Македонија (СОНК) денеска најави дека в петок ќе организира протест пред Министерството за образование и наука. Доколку до крајот на август не бидат исполнети барањата за според СОНК, надминување на проблемите во образованието, науката и културата, не е исклучено организирање генерален штрајк на почетокот на учебната година.

Во причините за протестот СОНК наведува дека е загрижен за многу состојби во образованието, науката и културата, како и дека во тие ресори има политизација, а надлежните институции свесно или не, не преземаат мерки за надминување на состојбите. СОНК бара повисоки плати во предучилишното, основното и средното образование, не се согласува со моделот на екстерното тестирање, на начинот на исплата на платите во високото образование и култура, во кои области бара склучување колективен договор. Во културата повеќе од 6 години СОНК преговара со Министерството за склучување нов Колективен договор за да се отстранат незаконските разлики во висината на платите за исто работно место, посочува СОНК.

Според претседателот на СОНК Јаким Неделков, барањата по одделни дејности се доставени уште пред изборите до министерствата за образование и наука, за култура и за труд и социјална политика, а најавата на протестот не треба да се поврзува со проблемот на тројцата професори од Универзитетот „Гоце Делчев“ на кои СОНК има дава поддршка.

– Договорено беше социјалните проблеми по дејности да се решаваат по пат на преговори до крајот на јули. Ние на првиот ден од август јавно и јасно кажуваме дека проблемите во дејностите не се решени, дека она што беше доставено како заклучок до ресорните министерства и не се решат проблемите се поставува и прашање за почетокот на учебната година. Ние не се закануваме туку ги потсетуваме ресорните министри и Министерства дека доколку во текот на август не се реализираат нашите барања тогаш Советот на СОНК ќе одржи седница и ќе донесе одлука за почетокот на новата учебна година, рече Неделков.

На денот на протестот, како што информира, нема да прифатат социјален дијалог. Побара активностите на СОНК да не се поврзуваат со реализација на политички цели и апелира да не се вршат притисоци од политичките партии.
Неделков истакна оти СОНК е крајно загрижен за судбината на тројцата професори кои штрајкуваат со глад и додаде дека согласно сите позитивни законски решенија тие имаат право на напредување во своите звања и право на работа. – Решението е многу едноставно и одговорните во Универзитетот треба само да го проследат заклучокот на Државната просветна инспекција, рече Неделков.

Би можело да ве интересира

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

Неделков: Колективниот договор за високо образование и наука е исполнет во целост

Дијалогот помеѓу синдикатите и Владата е постојано во тек

А1он

Вработените во градинките ќе добијат цели плати за периодот на штрајкот

Катерина Ѓуровски