СОНК во врска со изјавата на ресорниот Министер за образование и наука, со која обврската за на надоместок на нето плата за време на штрајкот на работниците, кои учествувале во него, ја префрла на СОНК, го даваат следниот демант.
Согласно член 241 од ЗРО организаторот на штрајкот “може да обезбеди надоместок на нето плата за време на штрајк на работниците??? Толкувањето на одредбите од овој член се дека законодавецот не пропишал дека задолжително обврската е на организаторот на штрајкот, туку со употреба на терминот “може“ оставил простор преку Колективен договор синдикалната организација, секоја посебно да го регулира ова право. Во конкретниот случај Синдикатот – СОНК има потпишано Колективен договор за вработените во основно образование и тоа член 54 од истиот и Колектгивен договор за вработените во средно образование по член 51 од истиот, кои го регулираат и толкуваат правниот вакуум по член 241 од ЗРО, на начин што согласно овие два колективни договора обврската за исплата на плата за работниците за време на штрајкот е обврска на работодавачот.
Од напред изнесеното согласно колективните договори за основно и средно образование јасна е и неспорна обврската на работодавачот, за плаќање на дневницата и за време на штрајкот.
Потврда на ова е и фактот што ова законско решение беше и во 2008 година, кога СОНК беше во осум дневен Генерален штрајк, а за тие денови согласно Колективните договори дневниците ги плати работодавецот.