СОНК бара усогласување на платите и преговори со МОН за образовните реформи

Од:

Самостојниот синдикат за образование, наука и култура-СОНК бара веднаш да се усогласат платите во основното и средното образование, согласно процентот на зголемување на минималната плата на национално ниво.

– Така ќе се задржи распонот на коефициентите, поточно на плати по работни места, како што е предвидено во колективните договори во овие дејности. Со самото тоа ќе се одбегне сегашното кршење на колективните договори од страна на МОН, претставувано од министерот за образование, што претставува дејствие казниво со закон, соопшти СОНК реагирајќи на денешната прес-конференција на министерката Рената Дескоска која најави зголемување на платите на наставниците во основните и во средните училишта.

Во соопштението СОНК го повика МОН веднаш да почне преговори со нив за дополнителното зголемување на платите во сите сфери на образованието, вклучувајќи ги и високото образование и науката, како и за други прашања поврзани со реформите во образованието, измените и носењето нови закони во дејноста образование, изготвување и склучување колективни договори за високото образование и наука…

Би можело да ве интересира

Неделков: Вработените во Зоолошката постапиле согласно протоколите, на сметка на тоа се јавно линчувани

Јаневска: Зголемување на платите за пет отсто ќе добијат и другите кадри во образовниот систем

СДСМ: Наместо 12% наставниците добиваат само 5% зголемување на платите

Наставниците и професорите ќе добиваат плати повисоки за пет проценти, зголемување ќе имаат секоја година

Катерина Ѓуровски

Повисоки плати за наставниците сепак оваа година, Јаневска вели се појавила реална можност

Мицкоски на средба со СОНК: Стандардот на вработените ќе го подобруваме преку заеднички дијалог и мерки кои ќе дадат резултати