Сончево со температури до 36 степени, попладне услови за дожд

Од:

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи, претежно во планинските подрачја. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени. УВ-индексот ќе изнесува 8, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 33 степени.

Во петок ќе преовладува сончево и топло време со мала до умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи. За време на викендот нестабилно ќе биде на повеќе места, а локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и услови за појава на град. Дневните температури ќе бидат во опаѓање, прогнозираат метеоролозите.

Би можело да ве интересира

Топло денеска, ќе има и дожд во следните денови, од вторник пониски температури

Заладување од вторник

Сончево со температури до 32 степени

Сончевро време со температури до 29 степени

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Сончево време со темеператури околу 30 степени