Сончево со температури до 28 степни

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе бидат во интервал од 3 до 10, а максималните ќе достигнат од 19 до 28 степени.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до 8, а максималните ќе достигнат до 26 степени.

Во понеделник ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во крајните југозападни делови каде во попладневните часови ќе има услови за повремен слаб дожд и појава на ретки грмежи. Од вторник до крајот на работната седмица следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи. Во понеделник и вторник ќе дува слаб ветер од јужен правец, а од среда ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно време со сончеви периоди

Сончево и топло до 36 степени, попладне можни дожд и грмежи

Сончево и топло со темеператури до 33 степени

Сончево време со северен ветер

А1он

Променливо облачно, попладне локално невреме со дожд, ветер и град

Променливо облачно со повремен локален дожд и грмежи

Катерина Ѓуровски