Сончево со температура до 38 степени, во северните делови услови за дожд, од утре посвежо

Од:

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. Во северните делови ќе има услови за повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а долж Повардарието и во источните од северен правец (над 60 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 19, а максималната ќе достигне од 29 до 38 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Во Скопје, времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 35 степени.

Поради продор на посвежа воздушна маса од север и засилен северен ветер (над 60 km/h) утре дневната температура значително ќе опадне (од 8 до 10 степени). В петок ќе се задржи посвежо време и ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во деновите потоа ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а температура ќе биде во постепен пораст.

Би можело да ве интересира

Сончевро време со температури до 29 степени

Сончево со мала облачност, попладне локално дожд и ветер

Сончево време со темеператури околу 30 степени

Сончево, со температура до 30 степени

Променливо облачно време со повремени врнежи од дожд

А1он

Силни бури во Европа: Град во Италија, јак ветер во Словенија, невремето стигна и до Хрватска

A1on