Сончево со повремена облачност и температура до 29 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со умерена, а во јужните делови повремено со значителна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне 28 степени.

Според УХМР, следува период на стабилно време со умерена облачност и со умерен ветер од северен правец. Температурата ќе биде во рамки на просекот за овој период од годината.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло до 22 степена

Денеска студено утро, а потоа сончево и топло до 20 степени

Денеска сончево и топло со температури до 18 степени

Денеска сончево со мала до умерена локална облачност и температура до 19 степени

Денеска сончево со слаб ветер, температура до 16 степени

Денеска променливо облачно време со сончеви периоди