Сончево со мала локална облачност, наместа минималната температура ќе се спушти под нулата

Од:

Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност, со можна појава на магла по одделни котлини во утринските часови.

Како што информираат од УХМР, ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието, додека минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје утрово постудено со услови за појава на слаба магла.

Во текот на денот претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Би можело да ве интересира

Денеска облачно со дожд, на места засилен ветер

Денеска променливо облачно со повремен дожд

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Денеска облачно и топло со утринска магла

Денеска променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

Облачно со сончеви периоди и северен ветер