Сончево со мала до умерена локална облачност, претпладне магла по одделни котлини

Од:

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност.

Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени.

Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а преку денот ќе биде сончево со мала до умерена облачност.

Минималната температура ќе се спушти до -2, а максималната ќе достигне 10 степени.

Според прогнозата на УХМР, до петок ќе се задржи стабилно и тивко време, по одделни котлини со појава на магла и пониски дневни температури.

– Од петок кон крајот на денот и за време на викендот под влијание на влажна и студена воздушна маса времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни и ќе преминат во снег и во повисоките места, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Би можело да ве интересира

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) Објавено видео од полицијата како пука во напаѓачот во Германија

Ученик од Косово со нож избоде наставничка во Германија, полицијата го застрела напаѓачот

Горан Наумовски

Сончево со умерена облачност, температурата до 11 степени

Претпладне магливо по одделни котлини, попладне сончево со умерена локална облачност

Студено утро со магла по котлините, преку денот сончево со слаб ветер

Променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец