Сончево и топло, за викендот температури над 35 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност.

Попладне, главно во западните делови, облачноста ќе се зголеми и ќе има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 23, а максималната од 31 до 38 степени. УВ индексот ќе биде 8.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност поголема во попладневните часови.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне 37 степени.

Под влијание на топла воздушна маса во следните денови времето ќе биде многу топло со дневни температури над 35 степени.

Изолирана појава на пороен дожд и грмежи ќе има утре претежно во западните делови во попладневните часови и во сабота од средината на денот.

Во недела и понеделник особено вдолж Повардарието ќе засилува северен ветер.

Би можело да ве интересира

Утре и во сабота ќе е многу топло

Денеска над 40 степени, Владата објави препораки за топлото време

Владата со препораки за работодавачите за топлотниот бран

Горан Наумовски

УХМР: До сабота времето ќе биде сончево и многу топло

Денеска сончево и многу топло со температури до 40 степени

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето