Сончево и топло, температура до 37 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени Целзиусови. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 степени Целзиусови.

Според најавите од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), до петок ќе се задржи стабилно и многу топло време. Во сабота во попладневните часови се очекува локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Во недела и понеделник ќе дува засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на температурата.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево со мала облачност

Денеска сончево време со мала до умерена облачност

Утре сончево и топло, од понеделник променливо и нестабилно со дожд, грмежи и ветер

Денеска сончево со мала облачност, попладне локална појава на дожд, грмежи и ветер

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер

Денеска сончево и топло, со умерена локална облачност