Сончево и топло, температура до 28 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 17, а максималната ќе достигне од 23 до 28 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 14, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во следните денови ќе се задржи релативно топло време.

Промена на времето се очекува в среда со повремен локален дожд, а в четврток наместа пороен со појава на грмежи.

Би можело да ве интересира

Сончево со мала до умерена облачност

Најстудено во Берово девет степени, најтопло во Велес 19 степени целзиусови

Горан Наумовски

Денеска сончево со мала до умерена облачност

Попладне пристигнува есента

Ана Ололовска

Почнува есента

Наум Локоски

Утре почнува есента

Наум Локоски