Сончево и топло, со умерена локална облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Од УХМР соопштија дека во Скопје времето ќе биде сончево и топло со слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 28 степени.

Во наредните денови, до почетокот на следната седмица ќе се задржи сончево и топло време со мала до умерена локална облачност. Од среда се очекува значителна промена на временската состојба, проследена со зголемена облачност, врнежи од дожд, локална појава на грмежи, засилен ветер и опаѓање на температурата.

Би можело да ве интересира

Денеска ќе биде сончево и многу топло, температура до 40 степени

Од денеска до 13 август: Топлотен бран ја зафаќа земјава

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне услови за дожд

Турција регистрираше 50 степени за прв пат во историјата

Горан Наумовски

Во центарот на Чачак беа измерени неверојатни 54 степени

Горан Наумовски