Сончево и топло со температури до 39 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.

УВ индексот ќе изнесува 9.

Во Скопје времето ќе биде сончево и многу топло со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе достигне до 39 степени.

Во наредните денови следува период на многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30, а наместа ќе достигнува 40 степени.

Во попладневните часови претежно во планинските подрачја ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Би можело да ве интересира

Жешкото време продолжува, промена на временските услови од среда

Горан Наумовски

Денеска сончево и многу топло

Денеска сончево со температура до 39 степени, попладне услови за дожд и грмежи

Денеска сончево и топло до 38 степени

Нов топлотен бран ја погоди Европа

Денеска до 39 Целзиусови степени