Сончево и топло со температури до 26 степени

Од:

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а во североисточните делови ќе биде повремено засилен ветер, претежно од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 14, а максималната ќе во интервал од 19 до 26 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 25 степени.

Под влијание на поле со висок воздушен притисок следува период на релативно стабилно време со сончеви периоди во текот на денот. Утринските температури ќе бидат пониски, а дневните во границите на просекот за овој период од годината.

До недела ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец, а потоа ветерот ќе го смени правецот во јужен.

Би можело да ве интересира

Сончево со темепратури до 25 степени, утре попладне дожд

Сончево со локална облачност, температурата до 23 степени

Облачно со повремен дожд денеска, во викендот сончево

Дожд до петок, во викендот поубаво време

Облачно со дожд и температури до 16 степени

До вторник облачно со дожд