Сончево и топло со темепратури до 34 степени, за утре најави за пороен дожд

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималната температура, како што информира Управата за хидрометеоролошки работи ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 29 до 34 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Во попладневните часови во делови од котлината ќе има услови за појава на локално невреме. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 34 степени.

Во четврток на повеќе места ќе има нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално, процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град. Од петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето.

Би можело да ве интересира

Променливо облачно со темепратури до 19 степени

Променливо облачно време, температура до 15 Целзиусови степени

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне услови за дожд

Облачно со локален дожд

Облачно без дожд, температури до 15 степени

Дожд денеска и утре, од среда стабилно и суво