Сончево и топло со мала до умерена облачност

Од:

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност.

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Попладне наместа, особено во северните делови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 14, а максималната ќе достигне од 24 до 29 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност.

Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а ќе има и услови за краткотрајно невреме.

Минималната температура ќе се спушти до 10, а максималната ќе достигне до 27 степени.

Во следните денови ќе се задржи топло време, но во попладневните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.

Локално ќе има услови процесите да бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме, со силен ветер, интензивен пороен дожд и изолирана појава на град.

Би можело да ве интересира

Сончево и потопло со мала до умерена облачност

Сончево со јужен ветер

Сончево и топло со мала до умерена облачност

Сончево и топло до 29 степени

Сончево и топло, од утре дожд

Сончево и топло со мала локална облачност