Сончево и топло со локална облачност

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне во северозападните планински региони ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а максималната ќе достигне до 37 степени Целзиусови.

Според најавите од УХМР, и во следните денови ќе преовладува сончево и топло време со умерена облачност. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, особено во почетокот на новата седмица.

Би можело да ве интересира

Сончев празничен ден со температури до 21 степен

Променливо облачно време со сончеви периоди за празниците

Сончево во мала облачност и темеператури до 20 степени

Темепратура до 25 степени денска, од утре повеќе облаци, во сабота повеќе дожд

Сончево и топло до 25 степени

Дожд денеска и утре, од недела потопло