Сончево и топло, попладне на некои места пороен дожд

Од:

Времето денеска во државата претпладне ќе биде претежно сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 33 до 40 степени. UV=9

Во Скопје претежно сончево и многу топло, попладне со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во деновите од викендот, како што информираат од УХМР, особено утре во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално ќе има невреме со интензивен пороен дожд, грмежи, силен ветер (над 60 km/h) и појава на град.

Во недела нестабилно ќе биде повеќе во западните делови од земјата, а потоа следува период на претежно стабилно и топло време со слаб до умерен северен ветер.

Би можело да ве интересира

Дожд денеска и утре, од недела потопло

Облачно со дожд, на повисоките места и снег

Циклон носи обилни врнежи од дожд, ветер и снег на планините

Облачно со дожд и заладување до петок, на планините снег

Пред нас е врнежлива седмица

Локални врнежи од дожд, снег на планините и пад на температурите

А1он