Сончево и топло, до 40 степени

Од:

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена облачност, особено во планинските подрачја каде ќе има услови за краткотраен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа засилен ветер од северен правец над 60 километри на час.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната од 33 до 40 степени. UV=8.

Во Скопје сончево и топло со мала облачност и со умерен до засилен северен ветер.

Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне 38 степени.

Според УХМР; во наредните денови ќе биде претежно сончево и топло.

Во вторник ќе дува умерен до засилен северен ветер (наместа над 60 km/h) што ќе услови благо намалување на утринската и дневната температура.

Би можело да ве интересира

Денеска сончево и топло со мала до умерена облачност, температури до 35 степени

Денеска топло со југоисточен ветер, од утре попладне наместа дожд

Денеска сончево и топло, со температури до 37 степени

Црн биланс од летните горештини: Речиси 3.000 дополнителни смртни случаи во Белгија

Сончево и топло и во наредните денови

Денеска сончево и топло со умерена локална облачност, наместа нестабилно со пороен дожд

Горан Наумовски